„Старата дама“ сопната во Џенова: Сампдорија го порази Јувентус

Јувентус го претрпе вториот пораз во сезоната во Серија А. Сампдорија во Џенова ја совлада „старата дама“ со 3:2 како најава за неизвесна трка за врвот на табелата до крај на сезоната. Сит пет погодоци на „Луиџи Ферарис“ беа постигнати во второто полувреме. Од 52 минута до 79 минута домашните успеаја трипати да го совладаат Војчех Шчесни, за Игуаин од пенал и Дибала да го ублажат поразот во судиското екстра време, но време за шампионот за освојување на бод немаше.

Наполи со вчерашната победа над Милан е лидер на табелата со 35 бода, четири повеќе од Јувентус и пет од Рома и Интер кои имаат и меч помалку од наполитанците.

Сампдорија, патем, беше единствена екипа со три бода на домашен терен. Победник немаше во дуелот меѓу СПАЛ и Фиорентина (1:1), резултат што беше конечен и во средбата меѓу Торино и Киево. Минимални победи на гости за Калјари против Удинезе (1:0), Сасуоло против Беневенто (2:1) и Џенова на Горан Пандев против Кротоне (1:0). Капитенот на македонската репрезентација беше стартер за џеновјаните за кои одигра 61 минута на стадионот „Езио Скида“ во Калабрија.

Вечерва (20,45 ч.) ќе играат Интер и Аталанта, во истиот термин утревечер колото ќе го затворат Верона и Болоња.

Серија А, 13 коло

Сампдорија – Јувентус 3:2

СПАЛ – Фиорентина 1:1

Торино – Киево 1:1

Удинезе – Калјари 0:1

Беневенто – Сасуоло 1:2

Кротоне – Џенова 0:1

Рома – Јувентус 2:1

Наполи – Милан 2:1

Интер – Аталанта (20,45 ч.)

Верона – Болоња (понеделник, 20,45 ч.)

Табела: Наполи 35, Јувентус 31, Рома 30 (-1), Интер 30 (-1), Лацио 28 (-1), Сампдорија 26 (-1), Милан 19, Торино 18, Фиорентина 17, Киево 17, Аталанта 16 (-1), Калјари 15, Болоња 14 (-1), Удинезе 12 (-1), Кротоне 12, Сасуоло 11, СПАЛ 10, Џенова 9, Верона 6 (-1), Беневенто 0.