Стапката на невработеност во третиот квартал 22,1 процент


Стапката на невработеност во третиот квартал годинава изнесува 22,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Тоа е намалување од 0,5 отсто во споредба со вториот квартал, кога стапката на невработеност била 22,6 отсто.

Според објавените податоци, на крајот на минатата година стапката на невработеност изнесувала 23,7 проценти.

Активното население во Македонија во третиот квартал брои 954.814 лица, од кои вработени се 743 451, а 211 363 лица се невработени.