Стадионите во Чаир и Охрид ќе добијат нови трибини

 Фудбалската федерација на Македонија со поддршка од УЕФА и програмата за развој, официјално доби дозвола за започнување на активности за реконструкција и изградба на трибини на два стадиони во државата – стадионот „Чаир“ во Скопје и стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
-Во име на Фудбалската федерација на Македонија сакам да порачам дека заедно со општините и УЕФА продолжуваме со заедничкото градење подобра иднина на македонскиот фудбал. Ова се крупни проекти од исклучително значење, но и дополнителен импулс за локалната самоуправа, се со цел да обезбедиме убава иднина за нашиот фудбал. Се обидуваме да помогнеме секаде и на секаков начин, искрено се надевам дека тоа ќе го направиме според договореното и согласно нашите и принципите на УЕФА изјави в.д. претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини.

Договорот за реконструкција и изградба на трибини на стадионот „Чаир“ во Скопје и стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид ги регулира меѓусебните односи при изведување на работите меѓу ФФМ, општините и УЕФА.