Српски министер сам се пријави во обвинителство откако Шешељ го обвини дека е водач на наркокартел

Српскиот министер за трговија Расим Љајиќ сам се пријави во Обвинителство за организиран криминал по изјавата на Воислав Шешељ дека е водач наркокартел, пишува „Блиц“.

Љајиќ потврди за весникот дека одлучил да се пријави бидејќи му доволно, како што тврди, да трпи клевети на негова сметка.

„Ми рекоа во Обвинителството дека никој досега сам не се пријавил, но свесен сум дека нема да постигнам ништо со приватна тужба. Ова повеќе не е политика, се борам за својата чест“, рече Љајиќ.

„Блиц“ вели дека имал увид во пријавата на Љајиќ во која се вели дека на седница на собранието на Србија, која се одржала на 30 октомври, пратеникот Воислав Шешељ го етикетирал како „главен лидер на една од најмоќните наркокартели“, како и дека полицијата ги има сите оперативни сознанија, но „никој не прави ништо”.

Своите обвинувања, како што рече Љајиќ, тој неколкупати ги повторил јавно, а сѐ кулминирало со објавувањето на книгата „Новопазарскиот крал на хероинот Расим Љајиќ“, чиј автор е Шешељ.