Српската старлета Сораја во секси тоалета на Зоран Јовановски

Српската старлета Сораја пак избра сексапилна тоалета на македонскиот дизајнер Зоран Јовановски, кој работи под брендот “ЈЗЈ“ за својот роденден. Српската јавност, претходно беше шокирана кога Сораја во ТВ емијата на Огнен Амиџиќ, избра мини фустан на Јовановски  со гола града.

Јовановски со своето модно студио во центарот на Скопје веќе е на мапата на славната и богата клиентела од Македонија и од регионот , со своите деликатни, сексапилни и драматични венчаници и вечерни тоалети. И личниот стил на Зоран е екцентричен, различен и несекојдневен. Со својата појава, модниот избор и и изборот на чевли,предизвикува внимание каде и да се појави. (Л.С.)