Средношколска љубов: Ед Ширан ја запроси девојката

Популарниот музичар Ед Ширан преку социјалната мрежа Инстаграм им соопшти на обожавателите дека ја запросил девојката Шери Сиборн и додаде дека се многу „среќни и заљубени“. Двајцата се запознале уште кога биле средношколци, но почнаа да се забавуваат дури во 2015 година, а речиси цела 2016 година ја поминаа во патување додека тој правеше пауза од музиката.

Шери е хокејарска ѕвезда и играше во тимот на Англија што го освои Европското првенство во 2012 година. Минатата година пејачот изјави дека конечно имал шанса да се заљуби, откако направил пауза од музиката. Тој тогаш додаде дека е подготвен и да почне семејство. Ширан е номиниран во категориите албум на годината, британски сингл, британско видео и најдобар британски музичар на Британските музички награди што ќе се одржат следниот месец.