Средба на Меркел со Вучиќ: Германија го поддржува патот на Србија кон ЕУ
Германија го поддржува патот на Србија кон членство во ЕУ, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел по средбата во Берлин со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Според Меркел, преговорите за членство на Србија во ЕУ ќе бидат успешни само со натамошно спроведување на реформите во сферата на правната држава и со напредок по прашањето на односите со Косово.
– Импресионирани сме од начинот на кој Србија продолжува по патот на напредокот во борбата против корупцијата. Ја охрабруваме Србија да продолжи по тој пат, додаде Меркел на заедничката прес-конференција со Вучиќ.
Германската канцеларка нагласи дека Берлин ја поддржува Србија, додавајќи дека на сребата со Вучиќ разговарале и за прашањето за доаѓање до правна рамка, односно договорно решение за Косово.
Меркел оцени дека на балканскиот рехион треба да се решат серија прашања, истакнувајќи дека Берлин ја цени улогата на Вучиќ во соработката меѓу земјите од Западен Балкан.
Вучиќ од своја страна ијзави дека ги разбрал сите пораки од средбата и дека ќе работи на решавање на проблемот со Косово.
Според него, пред Србија претстои тежок пат кон ЕУ со реформи во сферата на владеењето на правото и со решавање на односите со Приштина.
– Реков дека е поважно да се сака земјата на своите деца, отколку земјата на предците. Србија е подготвена за решение, но решение е ако и едната и другата страна загубат нешто, нагласи Вучиќ, говорејќи за дијалогот за нормализаицја на односите меѓу Белград и Приштина.
Според Вучиќ, во тој дијалог можеби би било подобро никој да не биде задоволен. – Постојат многу тешки решенија, но за Србија е единствено тешко решени она во кое Србија треба да биде единствениот губитник, порача Вучиќ.
Тој нагласи дека е свесен за задачите кои и предстојат на Србија на патор кон ЕУ и и се заблагодари на Меркел за поддршката.
– Веруваме во компромиси, а не во еднострани решенија. Веруваме дека поддршката од Германија, под водство на Ангела Меркел ќе биде уште поголема и ќе продонесе во изнаоѓање решенија, нагласи Вучиќ на прес-конференцијата со германската кацеларка во Берлин.