Средба на Заев со компании-членки на Германската стопанска комора во Албанија

Искористете ги нашите економски потенцијали, сега кога атмосферата е позитивна, кога Македонија е свртена кон ЕУ и НАТО, порача премиерот Зоран Заев на денешната средба во Скопје со делегација на Германската стопанска комора во Албанија, предводена од претседателката Стефани Сиг, на која присуствуваа и министерот за економија Крешник Бектеши и советниците за економски прашања.

На средбата, информираат од владината прес-служба, со петнаесетина бизнис-претставници, членови на Комората, беше потенцирана цврстата определба на Владата да ја интензивира економската соработка со земјите од регионот, вклучувајќи ја и Албанија.

Присутните, претставувајќи се себеси и својата компанија поодделно, на премиерот Заев му ги пренесоа своите впечатоци од престојот во Македонија, изразувајќи поддршка за позитивните реформски процеси што ги отпочна Владата и кои создаваат поволна бизнис клима за соработка на домашните и странски компании.

– Искористете ги нашите економски потенцијали, природниот потенцијал и одлична географска поставеност. Работиме на зголемување на растот на Бруто домашниот производ (БДП), сакаме да отвориме нови работни места, нови инвестиции, ширете го бизнисот преку нас и во Европа и така ќе се овозможи солиден живот за граѓаните во Македонија, но и за нашите соседи со кои сега ги зајакнуваме пријателските односи, рече премиерот Заев во разговор со претставниците на компаниите од Албанија.

На состанокот, на премиерот Заев со бизнис секторот од Албанија застапуван од Германската стопанска комора во таа земја, исто така беше истакната поддршката за напорите кои Владата ги прави за придвижување на интеграциските процеси на Македонија во ЕУ и НАТО, процеси кои се сметаат како исклучителни важни за политичката стабилност.

Претседателката на германската стопанска Асоцијација, Сиг на премиерот Заев му изрази поддршка за отвореноста за соработка во регионот, потенцирајќи дека посетата на албанските и меѓународните компании во Македонија, е покана и за македонските компании и производители да инвестираат во Албанија и да создаваат нови бизнис-партнерства.

Претставниците на бизнис заедницата од Албанија посочија дека компаниите членки на Асоцијацијата покажуваат значителен интерес за инвестирање во Македонија и регионот, конкретно изразувајќи интерес за отворање откупни центри на земјоделски производи и финансирање во областа на земјоделството.

Беа изразени интереси за инвестирање во мали хидроцентрали, производство и трговија со кондиторски производи, сокови и здрава храна, зајакнување на соработката во поглед на размената на информации за економските и трговските активности во двете земји, туризмот, издавачката дејност