Средба Заев-Џанг: Позитивни придвижувањаи стабилност на македонската економија

Во Македонија се случуваат позитивни придвижувања, постои фискална стабилност и се спроведуваат реформски процеси за зајакнување на институциите, оценија денеска на средбата во Скопје премиерот Зоран Заев и заменикот на главниот директор на ММФ, Тао Џанг.

Заев на средбата беше придружуван од министерот за финансии, Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, а Џанг од Ричард Дорнбуш, втор извршен директор на ММФ и Јасмин Рахмен, шефица на мисијата на ММФ во Македонија, соопшти Владата.

– Определени сме кон одржување на фискалната стабилност во државата, а реформските процеси што водат кон ефикасна борба против корупцијата, привлекување странски инвестиции и поддршката на приватниот сектор со цел создавање стабилна клима за инвестиции очекуваме да резултираат со економски раст, рече Заев.

На средбата се посочени како важни капиталните инвестиции, вложувања во инфраструктурата и во енергетиката што влијаат на определбата на бизнисмените за инвестирање во Република Македонија.

Констатирано е дека тоа може да придонесе до посакуваниот економски напредок на државата