Средба без договор – Власта и опозицијата не се договорија за СЈО

По петчасовна средба работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не најдоа заеднички јазик за судбината на СЈО.

Министерката за правда Рената Дескоска рече  дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал не може да биде прифатено, а исто е неприфатливо и барањето за прекинување на истрагите и обвиненијата.

За опозицијата неприфатливо е СЈО да не одговара пред никого и само да создава буџет, кој никој од надвор нема да го контролира, истакна вечерва Иван Менкиноски, кој е претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Нова средба за законот за јавно обвинителство ќе има во петок.