Србија минимално ја совлада Македонија во Подгорица

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби од своите врсници од Србија со 1-0 (0:0), во пријателски меч одигран во Подгорица.

Единствениот гол на натпреварот падна во 54. минута, дело на Алекса Терзиќ.

На напреварот имаше дури три црвени картони. Кај „жолто-црвените“ беа исклучени Руфати и Трајановски, додека за Србија црвен картон доби Бирманчевиќ.

Македонија треба да одигра уште еден пријателски меч и тоа против домашната селекција на 19 ноември.