Србите најмногу сакаат Грци, Македонците им се на трето место

Граѓаните на Србија најмногу ги сакаат Грците. Македонците им се на трето место, покажа анкетата на агенцијата „Фактор плус“. Дури 43 отсто од Србите одговориле дека најдобро мислење имаат за Грците, 20 отсто за прв избор ги ставиле Црногорците, а 18 проценти се одлучиле за Македонците. Од друга страна, најлошо мислење имаат за Хрватите (45 отсто), за Албанците (33 проценти) и за Црногорците (11 отсто).

Албанците, пак, најлошо мислење имаат за Србите (две третини), а најдобро за Италијанците (44 отсто), по што ги симпатизираат Грците (22 отсто) и Црногорците (16 проценти).

Истражувањето е направено како дел од проектот: „Срби и Албанци, по кој пат натаму“, кој Танјуг го реализира во соработка со албанската национална агенција АТА и со поддршка на норвешката амбасада во Белград.