Србин си го запалил автомобилот зашто не поминал на технички преглед

Возач од Пожега, западна Србија, си го запалил автомобилот со бензин, револтиран зашто не го минал техничкиот преглед. Возилото, инаку марка „дачиа“, е изгасено со итна интервенција на противпожарните служби.

Лутиот сопственик, кој не добил потврда за исправност на возилото, на само 500 метри од контролниот канал, го запрел автомобилот, го полеал со бензин и го запалил. За пожарот да не ги зафати просториите за технички преглед, возилото било избуткано надвор.

Од 1 јули во Србија се во сила поригорозни технички прегледи. Најжестоки полемики во јавноста предизвика најавата дека нечисто возило нема да може да го мине техничкиот преглед.