Србинка на велосипед удрена од возило, возачот избегал

Во средата, во 17.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице од сообраќајна незгода.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека Р.С.(59) од Зајечар, Република Србија, со привремен престој во Скопје, истиот ден околу 11.30 часот на улица „Љубљанска“, додека со велосипед поминувала на коловоз, била удрена од непознато возило управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.