СП2018: Мексиканските фудбалери не можат око да склопат од своите навивачи

Капитенот на мексиканската репрезентација, Рафаел Маркес, ги замоли навивачите на неговиот тим да ги остават фудбалерите да се одморат.

Голема група мексикански навивачи синоќа се појави пред хотелот каде е сместена мексиканската репрезентација, по што скандираа и пееја со цел да ги поздрават фудбалерите. Играчите се сретнаа со навивачите, а им се обрати капитенот.

„Навистина сме возбудени за поддршката што ја добиваме. Лично, но и во име на целата екипа, сакам да ви се заблагодарам, но и да ве замолам да не оставите да се одмориме“, истакна Маркес.

Мексико во првото коло ја совлада Германија, а денеска ќе се соочи со Јужна Кореја.

„Нè чека многу важен натпревар и сакаме на сите вас да ви пружиме задоволство. Затоа ве молам да не оставите да се одмориме и уште еднаш благодарам за поддршката“, наведе Маркес.

Мексико попладнево (17 ч.) ќе игра со Јужна Кореја и во случај на победа ќе обезбеди пласман во вториот круг на Светското фудбалско првенство.