СП 2019: Шпанија преку Египет до квалификации за ОИ 2020

Ракометната репрезентација на Шпанија оствари победа против Египет со 36:31 (17:18) во мечот за седмото место на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска.

По денешниот триумф, Шпанците си загарантираа место на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио 2020.

Двете репрезентации одиграа израмнето прво полувреме и често се менуваа во водство, а „фараоните“ заминаа на паузата со плус еден разлика.

Во второто полувреме Шпанија заигра далеку подобро и по првите десет минути прво поведе со +2 (23:21) а потоа дојде и до предност од 4 разлика (28:24). Избраниците на Рибера имаа највисока предност од 7 гола (35:28) а потоа го доведоа мечот до крајот за конечни 36:31.

Најефикасен кај Шпанија беше Кањелас со 9 погодоци, додека кај Египет најдобар беше Ел Ахмар со 6 гола.

Во вториот натпревар за денес, од 20.30 часот играат Хрватска и Шведска во борба за петтото место на Мундијалот.