СП 2018: Германија нема друга опција, мора да ја победи Шведска

Русија– По киксот против Мексико во првото коло, Германија мора да ја совлада Шведска доколку не сака да биде елиминирана уште во групната фаза од Светското првенство.

Aктуелниот бранител на тронот, Германија имаше лош почеток на Светското првенство откако загуби од Мексико, вечерва во 20 часот излегуваат на мегдан со Шведска која има три бода по триумфот над Јужна Кореја. Германците се фаворити, а дали овој пат ќе ја оправдаат таквата улога, останува да видиме.