СП 2018: Германија во финишот ја совлада Шведска

Русија – Германија со гол во судиското продолжение синоќа ја совлада Шведска со 2:1 во натпревар од групата Ф на Светското првенство во Русија.

Во првото полувреме Германија доминираше на теренот и имаше контрола на поседот на топката, меѓутоа без решение за шведската одбрана.

Шведска беше особено опасна во контранападите и во 32 минута со голoт на Ола Тоивонен поведе со 0:1, резултат со кој се замина на паузата.

Германците во вториот дел продолжија со притисокот врз голот на Шведска, а преку Марко Ројс во 48-та минута израмнија на 1:1.

Дополнителен проблем за германската репрезентација беше и исклучувањето во 82-та минута на Жером Боатенг, кој доби втор жолт картон.

Тони Крос со гол од слободен удар во петта минута од судиското продолжението и донесе победа на Германија од 2:1.

Во рамките на оваа група сега Мексико има шест бодови и е на врвот од табелата, Германија и Шведска имаат по три, а Јужна Кореја останува без бодови и шанси за понатамошен пласман.