СП 2018: Белгија ја совлада Англија за првото место во групата

Белгија со минимални 1:0 ја совлада Англија во натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Белгиската и англиската репрезентација веќе имаа обезбедено сигурен пласман во осминафиналето. Но, со оваа победа Белгија има девет бодови и е на врвот од табелата, а Англија е второпласирана со шест.

Натпревар се одвиваше во релативно израмнета игра, а првото полувреме заврши без погодоци.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Аднан Јанузај во 51-та минута, кој и донесе победа на Белгија од 1:0.

На вториот натпревар од оваа група, Тунис ја совлада Панама со 2:1. Тунижаните како третопласирани со три бодови заминуваат од Мундијалот, а Панама е последна без бодови.