СП во Русија: Франција преку Аргентина до четврт-финалето, видео од сите голови

Француската репрезентација е првата која се пласираше во четврт-финалето на Светското првенство во Русија, а кој ќе биде нивни противник ќе дознаеме вечерва по дуелот меѓу Португалија и Уругвај

Во првиот меч од осминафиналето на СП, репрезентацијата на Франција забележа победа над Аргентина со 4:3. со што стана првата селекција која обезбеди место во четвртфиналето.

Најзаслужен за триумфот на „триколорите“ беше Килијан Мбапе кој постигна два гола и изнуди еден пенал. Покрај него за Французите погодија и Антоан Гризман од пенал и Бенџамин Павар.

Головите за Аргентина ги дадоа Анхел ди Мариа, Меркадо и Серхио Агуеро.

Кој ќе биде нивни противник на Французите во четвртфиналниот меч, кој е закажан за 6 јули, ќе дознаеме вечерва по дуелот меѓу актуелниот европски шампион Португалија и селекцијата на Уругвај, кој ќе се игра во Сочи со почеток од 20 часот.