Спорот за името на седница на Централниот одбор на СДСМ

Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) вечерва заседава за повеќе актуелни теми, а во фокусот е текот на разговорите за спорот за името со Грција.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев го информира партиското раководство за договорената рамка за решението, а ЦО ќе расправа и за внатрепартиски активности, верификација на предлозите за нови членови на Владата од редовите СДСМ.

Според најавите, Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас во телефонски разговор треба да го заокружат решението за кое претходно во Брисел министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас утврдија принципи и начела.

– Се работи на правно-формалниот аспект на самиот договор, следува разговор помеѓу мене и премиерот Ципрас, верувам деновиве, вечерва, утре или до петок. На овој разговор очекувам да направиме исчекор што е многу значаен и затоа ги следиме сите шпекулации во јавноста, наведе денеска премиерот Заев во отчет за едногодишната работа на Владата.