Според експертите: Работното време треба да се ограничи на четири часови дневно
Тешко е човекот да работи целосно концентриран повеќе од пет часови дневно, бидејќи во остатокот од работното време постои само мала фокусираност и претставува едноставно пополнување на времето.
Слободното време, т.н. „празно време“, е всушност исклучително важно за луѓето и развој на нивната креативност.
Поставувањето на правилните услови за работа подразбира планирани активности, но и планирани паузи.
Можеби изгледа дека ова мислење е спротивно на мислењето дека „времето е пари“, но всушност слободното време е токму тоа кое му овозможува на човекот навистина да напредува.
Со други зборови, малку е веројатно дека ќе се зголеми продуктивноста доколку повеќе и подолго се работи.
Дури и познатиот филозоф Бертранд Расел во својот есеј во 1932 година заговарал за четиричасовно работно време.
Сите оние на кои не им се допаѓа идејата за четиричасовно работно време треба да се запрашаат дали би сакале за нив да се грижи медицинска сестра на крајот од 12-часовната смена или на почетокот на четиричасовната.
Бенифитите од пократко работно време се повеќенаменски, а тоа значи помалку отсуство од работа поради болест, помали трошоци и подобра интегрираност на работниот и приватниот живот.
Поголеми се шансите дека задоволните работници ќе бидат покреативни, попродуктивни и попосветени. Компаниите би можеле заштедените средства од платите да ги инвестираат во обука и развој на своите луѓе. Вакво работно време ќе значи и отворање на повеќе работни места за невработените.
Нов Зеланд, Шведска и Велика Британија се земји љубители на пократко работно време. Дури 61 отсто од британските работници сметаат дека четиричасовното работно време ќе им овозможи да бидат попродуктивни.
Праксата на сегашното работно време несомнено порано или подоцна ќе прекине. Еден ден можеби луѓето ќе почнат да ги почитуваат и работите кои ќе ги извршуваат, а нема да бидат платени.