Спасовски: Никој нема право да го попречува гласањето

Референдумското изјаснување почна мирно, секако доколку се случи да имаме нарушување на гласачкиот процес, дали е тоа надвор од избирачките места или во самото избирачко место ќе интервенираме, заради тоа што никој нема право да го загрозува изборниот процес, никој нема право да врши притисок врз ниту еден граѓанин на Република Македонија, кој што сака на демокртаски начин да го изрази своето граѓанско право, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Куманово.

Тој очекува дека нема да дојде до таков случај, туку граѓаните ќе можат самостојно и слободно да се изразат на овој референдум.