Спасовски: Ако некој ве снима пријавете на 192

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фесјбук профил објави дека секој кој ќе биде сниман или на некој начин му се попречува гласање на референдумот да пријави на 192.

„Доколку забележите дека некој ве снима, го извикува на глас вашето име и презиме, или на било кој начин го попречува вашето право да гласате, веднаш пријавате на 192 или на полицискиот службеник во близина на вашето гласачко место. Доколку вашата фотографија се појави на социјалните мрежи, пријавете на cybercrime@moi.gov.mk“, напиша тој.