Со кола удрил во 7-годишно дете и избегал


Возач на патничко моторно возило удрил во седумгодишно дете – пешак по што возачот го напуштил местото на настанот, соопштија од МВР.

Несреќата се случила вчера околу 13 часот на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Желино и Долна Лешница.

Повреденото дете било пренесено во Клиничката болница во Тетово, каде лекар констатирал телесни повреди.

Полицијата го бара возачот.