Соња Стојменска Елзесер нов претседател на Друштвото на писатели

Соња Стојменска Елзесер е новиот претседател на Друштвото на пистели на Македонија (ДПМ). На денешното Собрание на асоцијацијата таа доби поддршка од 74 членови на ДПМ. Нејзина противкандидат за функцијата беше Оливера Доцевска за која гласаа 13 членови.

Стојменска Елзесер е есеист, критичар и книжевен научник, доктор по филолошки науки, професор и научен советник во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе го води Друштвото на писатели на Македонија во наредните четири години.

Доцевска е поетеса и есеист,  правник од Куманово со адвокатска канцеларија во Скопје.

Согласно Статутот на ДПМ, за функцијата претседател на македонската писателска асоцијација, Стојменска Елзесер и Доцевска конкурираа со свои програми.

Новата претседателка доаѓа на местото на Веле Смилевски.

Друштвото на писателите на Македонија годинава одбележува 71 година од своето формирање. Негов прв претседател беше Блаже Конески.