Сопственик на портал и сопругата се бркале со ножеви

Сопственик на портал со иницијали С.И. и неговата сопруга пред два дена се јавиле на 192 и пријавувале насилство.

И двата сопружника тврделе дека другиот сопружник се обидува да ги убие со нож. Околу 11 часот пред полноќ на 16.01, сопственикот на порталот ја известил полицијата дека неговата сопруга го нападнала со нож.

Три часа подоцна неговата сопруга пријавила дека новинарот ја нападнал со нож. Овој настан се најде денес и во полицискиот билтен, а од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

Нема информации дали некој од двајцата сопружници е повреден.