Сопругата на поранешниот чешки премиер доби двегодишна условна казна

Прага – Сопругата на поранешниот чешки премиер Петр Нечас – Јана Нечасова денска доби двегодишна условна казна за злоупотреба на функцијата.

Јана Нечасова (претходно Нагиова) беше прогласена за виновна по обвинението дека во 2012 година, кога била шеф на кабинетот и љубовница на тогашниот премиер, наредила на военото разузнавање да ја шпионира неговата сопруга, со која тој веќе бил разделен.

Другите тројца обвинети за случајот, поранешните раководители на военото разузнавање Ондреј Паленик и Милан Кованда, како и еден вработен во разузнавањето, исто така беа прогласени за виновни и осудени на условна казна од 18 до 20 месеци затвор.

Нечасова и другите осудени негираа кршење на законот. Тие можат да поднесат жалба на пресудите.

Откако неговата влада падна во јуни 2013 година, Нечас призна дека има врска со Нагиова и се разведе од својата прва сопруга, Радка Нечасова.