Сопругата на Мета призна дека има закани од криминални групи

Сопругата на албанскиот претседател Илир Мета,Моника Круемади, која е лидерка на опозициското Социјалистичко движење за интеграција,призна дека имала закани преку социјалните мрежи „од лица кои се идентификувани како членови на криминалн групи поврзани со политиката“.

Круемади низ солзи додаде дека за да ја заштити помала ќерка,Ера ја сместиле во изолиран интернат надвор од земјата.

-Помалата ќерка ја испратив на училиште во изолиран интернат надвор од земјата, затоа што не сакам дада биде во опасност, затоа што морам да го гарантирам животот на ќерка ми. Добивав закани преку социјални мрежи и не само јас. Иако контактирав со полицијата, немам доверба во правниот систем во Албанија и се обидувам сама да го решам ова прашања,изјав Круемад гостувајќи во емисијата „ОПЕН“ на тиранската телевизија Топ чанел.

Таа додава дека нејзиниот сопруг Мета  не сака да зборува за ова прашање.

-Доколку Мета е подоверлив со јавноста, би било подобро, но за него имиџот на институцијата е поважен од политичката игра,- рече таа.

Животот на политичар,додава таа,може да изгледа убаво, но исто така е тежок.

-Би сакала да бидам прва дама и верувам дека најдобро ќе ја извршував оваа улога, но сакав да останам во партијата додека младите не се подготвени да ја раководат, рече Кремади.

По изборот на Мета за претседател местото на првата дама на Албанија  го зазеде нивната повозрасна ќерка,Бора Мета(20)