Сообраќајка на патот Македонска Каменица – Делчево

Поради сообраќајна незгода сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица- Делчево, вечерва околу 18 часот времено беше затворен за сообраќај. Сообраќајната несреќа се случила во близина на село Драмче. 

Според информациите на очевидци, станува збор за сообраќајна несреќа во која возачот на автомобил Југо со каменички регистарски таблички, изгубил контрола над истото и удрил во заштитната ограда и страничниот дел од патот. Како што информираат од Итната медицинска помош во Македонска Каменица, возачот е во добра здравствена состојба.

Истражните органи кои извршија увид на местото на несреќата дополнително ќе ги соопштат деталите од истрагата за причините и причинетата штета.