Сообраќајка на обиколницата кај Штип, едно лице тешко повредено

Возач на автомобил е тешко повреден, откако со возилото попладнево излетал од коловозот на регионалниот пат Радовиш-Штип-Скопје, кај местото Калимерово.

Според првичните информации од портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова  околу 16 часот возачот на автомобилот марка „Ровер“ со штипски регистерски таблички изгубил контрола над возилото, по што излетало од коловозот и удрило во дрво.

Засега неможе да се утврди идентитетот на возачот. На лице место  веднаш пристигнале и екипите на Итната медицинска помош и на Противпожарната единица. Тешко повредениот возач веднаш е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип. Увид на местото на несреќата извршија екипа на Полициска станица-Штип.