Сообраќајка на излезот од Гостивар кон Кичево, сообраќајот во прекин
Сообраќајќата, како што потврдила полицијата, се случила околу 14 часот на излезот од Гостивар кон Кичево. Во сообраќајната несреќа се судрија автомобил марка „фолксваген пасат“ и минибус. Според првичните информации повредени лица има, но засега не е познат бројот на повредени и видот на повредите. Во тек е увид.