Сообраќајка кај Облешево, три лица се повредени

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што попладнево во 17.50 часот се случи на магистралниот пат А3 Кочани – Штип, кај село Облешево.

Како што дознава МИА, во сообраќајната несреќа учествувале автобус и патничко возило. Повредените лица се пренесени во Медицинскиот центар Кочани.

Сообраќајот на магистралниот пат А3 Кочани – Штип кај село Облешево се пренасочува