Сообраќајка кај Лозово: Се судрија „мерцедес“, „тојота“ и „цитроен“
На магистралниот пат Велес-Штип, кај Лозово, вчера околу девет часот дошло до судир помеѓу три возила, соопштија од МВР. Повреден е возачот на “цитроенот“, А.Г.(49) од Скопје.
Според полицијата, „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.П. (46) од Штип удрил во „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувана од С.Д. (27) од Скопје. После тоа возилото „тојота“ удрило во патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г. (49) од Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.