Сончево, со мала доумерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 18, а дневната од 26 до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со умерен, а од недела повремено засилен северен ветер. Во попладневните часови не е исклучено да има локален краткотраен дожд, повеќе во планинските региони. В сабота попладне ќе има повеќе услови за локален пороен дожд со грмежи.