Соларни панели колку четвртина од Скопје се доволни да ја снабдат Македонија со струја

Колкава површина од територијата на Македонија треба да се прекрие со соларни панели за да се задоволат целосно потребите на македонските граѓани за напојување со електрична енергија? Со ова прашање се позанимава интернет-страницата Finder.com.

Интернет-страницата пресметала колкава површина треба да се покрие со соларни панели за целосно да се задоволат енергетските потреби на една земја со технологии кои во моментов се на располагање. Потоа, податоците се ставени на интерактивна мапа каде што може да се видат резултатите за секоја земја.

Според пресметките, за нас се доволни 160 км2 или 0,6% од површината на државата. За споредба, површината на Скопје е 572 квадратни километри.

Но Finder.com смета дека е можно да се напојува целиот свет само со соларна енергија. Тие ја пресметале потребната површина на соларни панели за секоја земја да ги исполни своите енергетски потреби. Постојат два фактора кои се во игра тука: количината на сончева енергија што земјата ја добива, и количината на енергија што ја користи.

Излегува дека за повеќето земји е изводливо да се снабдуваат со електрична енергија преку соларни панели. 87% од земјите би можеле да се снабдуваат со струја ако користат помалку од 5% од својата територија.

Само три земји кои се вклучени во анализата треба да изградат повеќе соларни панели отколку што имаат територија: Сингапур (830%), Хонг Конг (213%) и Бахреин (156%). Ова има смисла бидејќи тие се многу мали и густо населени држави.

Севкупно, ќе треба околу 1,1 милион квадратни километри соларни панели за напојување на целиот свет, помалку од површината на Јужна Африка. Иако, се разбира, не може да се покрие Јужна Африка со соларни панели, оваа површина ако се распредели низ светот изгледа како нешто што може да се постигне во иднина.