Солари: Асенсио одлично си ја заврши работата

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари по триумфот над Ајакс во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите рече дека е среќен поради голот на Марко Асенсио.

Шпанецот на средбата влезе од клупата за резерви и постигна победнички гол.

– Јас сум особено среќен за Асенсио. Тој влезе во игра, одлично си ја заврши работата и заслужено постигна гол. Марко беше многу активен и постигна важен погодок, изјави Солари.

Реал синоќа го победи Ајакс со 2:1 и со предност ќе влезе на реваншот закажан за 5 март на негов терен.