Совет за пушачите: Доматот е продукт кој ќе ви го зачува здравјето

Доколку сте биле страсен пушач и сега веќе сте решиле да се откажете, има начин како да ги исчистите вашите бели дробови.

Секако, тоа се прави преку вистинската исхрана. Овие продукти се препорачуваат и за оние кои сè уште пушат цигари.

Консумирањето на домат и јаболко би можело да помогне во обновувањето на белите дробови кај поранешните пушачи.

Едно истражување покажа дека возрасните лица кои јадат по два домати и над три јаболки на ден имаат побавен пад на функциите на белите дробови во однос на лицата кои ретко ги консумираат тие намирници.

Меѓутоа, позитивно дејство имаат само свежите овошја и зеленчуци .

Истражувањето е спроведено на 650 возрасни испитаници, кои навеле се во однос на нивната исхрана и биле тестирани со спирометрија.

За добиените резултати, се земени предвид и возрасната на испитаниците, висината, полот, индексот на телесната тежина, социјално-економскиот статус и физичките активности.

Испитувањето покажало дека поврзаноста меѓу исхраната и функциите на белите дробови е поголема кај поранешните пушачи.