Собранието се поднови со две нови лимузини

Собранието се поднови со две нови возила, поточно две лимузини седан, марка FORD Mondeo Trend, за кои треба да плати 50.000 евра.
Договорот за набавката на лимузините, произведени 2018 година, денеска беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки, а бил склучен на 19 јули, со застапникот за Македонија во Скопје.