Собир во центарот на Атина за жртвите во пожарите

„Едно извини од нас, до сите вас таму горе“ е настанот организиран преку социјалните мрежи од поранешниот грчки кошаркар Јанис Гагалудис кој ги повикува граѓаните вечерва во 21 часот со свеќи во рацете мирно и тивко да се соберат на плоштадот Синтагма во центарот на Атина за да им оддадат почит на жртвите во катастрофалните пожари.

-Можеби никој не се извини, сметам дека нашето извини за овие дечиња, за овие луѓе што загинаа е најмалку што можеме да направиме, објави кошаркарот на неговиот Фејсбук профил и ги повика граѓаните со свеќи во раце да му се придружат.

Неговата порака и најавата за собирот ја објавија сите грчки медиуми.