Снежна бура во Калифорнија затвори училишта и аеродроми

Снежна бура зафати голем дел од Калифорнија, во која многу домаќинства останаа без електрична енергија, а надлежните служби предупредуваат на опасност од поплави и лавини.

Националната метеоролошка служба предупреди на опасност од поплави, лавини и снежни наноси на патиштата на Сиера Невада.

Снежните наноси на планините се и до 2,44 метра, а службите предупредуваат дека во повеќето премини во Сиера Невада е можна силна виулица, пропратена со одрони.

Предупредија дека бурата нема брзо да мине, а повеќето патишта се затворени поради опасност од лавини.

Силен ветер, дожд и снег на север го нарушија воздушниот сообраќај на аеродромот во Сан Франциско.

Ветерот соборуваше дрвја и повеќе од илјада потрошувачи останаа без струја во областа Рино Спаркс во Невада.

Националната метеоролошка служба предупреди на можноста за поплава в четврток во заливот на Сан Франциско и многу делови од Сакраменто, како и излевање на реките Руска и Напа, в среда наутро.

Бурата веќе се движи кон други региони на запад, поради што се затворени повеќе училишта.

Причината за невремето е атмосферската влажност која доаѓа од северниот дел на Хаваите, што е феномен, кој повеќе не претставува реткост во овој дел од земјата.