Случај „ФЕНИ“: „White & Case“ ангажирана од државата за спорот со „Кунико“

Американска адвокатска канцеларија „White & Case“ ќе ја брани Македонија во спорот покренат пред Арбитражниот суд од страна на „Кунико ресорсис“ поранешен сопственик на „Фени“.

Како што соопшти денеска портапорлот на Владата, Миле Бошњаковски, компанијата има искуство во над 100 инвестициски арбитражни спорови, но не откри за која цена е ангажирана од страна на Македонија и не откри детали зошто „Кунико ресорсис“ ја тужи државата.

„Кунико Ресорсис“ го презеде „Фени“ во 2004 година. Неодамна во „Фени“ влезе компанијата ГСОЛ, која пред неколку дена го рестартираше производството. ГСОЛ ја зема фабриката под закуп на шест месеци,  со месечен надомест од 1.200.000 евра.