Слоган за кампањата: Во ЕУ ЗА

На својот профил на „Фејсбук“, премиерот Зоран Заев го откри слоганот под кој ќе оди кампањата на власта за поддршка на референдумот и договорот за името со Грција. Под мотото „Во ЕУ ЗА“ од граѓаните се бара да го заокружат одговорот што ќе ја внесе Македонија во ЕУ и во НАТО.
„Македонскиот јазик ќе биде официјален во Унија од 500 милиони жители. Со зачленувањето во ЕУ, сите официјални комуникации меѓу Република Македонија и земјите членки од Европската унија ќе се водат и преведуваат и на македонски јазик, како официјален и признаен на територијата на која живеат половина милјарда жители“, пишува претседателот на владата.