Словенија: ЕУ треба да го активира член седум и против Хрватска
Откако Европската комисија го активираше член седум против Полска поради „јасниот ризик од тешкото кршење на вредностите на Европската унија“ особено во доменот на владеењето на правото, Словенија оценува дека ЕК треба на истиот начин да постапи и со Хрватска поради нејзиното одбивање да го прифати арбитражниот договор за границата со Словенија.
Хватскиот весник „Нови лист“, повикувајќи се на дипломатски извори, наведе дека меѓу словенечките политички кругови и претходно постоела идеја излегувањето на Хрватска од арбитражниот договор за границата да се претстави како системско кршење на меѓународното право, но идејата не била одобрена од страна на Брисел.
Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец во јули, испратил писмо до Европската комисија каде навел дека поради непочитувањето на одлуката на арбитражниот суд од страна на Хрватска, бара интервенција на ЕК иста како и во случајот со Полска.
Ерјавец посочил дека случајот со Хрватска е уште потежок, бидејќи во случајот со Полската станува збор за внатрешен проболем, а со Загреб за меѓународен.
Претходно денеска Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ја повика Словенија да се воздржи од секакви еднострани потези во врска со примената на арбитражниот договор за границата на море и копно меѓу двете држави.
Пленковиќ пред почетокот на седницата на неговата Влада, го повика словенечкиот премиер Миро Церар да го продлжат дијалогот за границата.