Словенечката опозиција бара референдум за трошоците за членство во НАТО

Опозициската словенечка партија „Левица“ денеска предложи одржување референдум на кој гласачите би се изјасниле за високите трошоци за членството во НАТО.

Тие предлагаат за предлогот да се дебатира во парламентот во април, а референдум би се одржал тие предлагаат да се одржи напролет, истовремено со парламентарните избори во јули, јавија словенечкитемедиуми.

Според словенечкиот пратеник од редовите на „Левица“ Миха Кордиш, министрите од НАТО лани во јуни ги прифатија целите на Алијансата за формирање два батаљона на словенечката војска во следните осум години. Според пресметки на Левица, тоа ќе ја чини државата 1,2 милијарди евра.

– Тоа е астрономска сума. За такво нешто никој не ги прашал жителите на Словенија, а требало, оцени Кордиш.

Тој вели дека прашањето на референдумот би било – дали е вредно да се инвестираат 1,2 милијарди евра во старо железо како што бара НАТО или подобро е тие пари да ги инвестираме на развој и истражување.