Словенечката министерка за одбрана во посета на Македонија

Во официјална посета на Македонија денеска ќе престојува министерката за одбрана на Словенија, Андреја Катич.
Таа ќе има средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска по што ќе следува средба на двете делегации и ќе биде потпишан меморандум за разбирање. Според агендата, предвидени се и изјави на двете министерки.
Официјалниот пречек на министерката Катич и словенечката делегација ќе биде организиран пред Министерството за одбрана во 09:30 часот.