Словачкиот премиер одработи ноќна смена во фабрика

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо одработел една осумчасовна ноќна смена во фабрика во околината на главниот град Братислава, како знак на солидарност кон работниците, кои бараат повисоки плати.

Потегот на Фицо е вид одговор на спротивставувањето на германскиот инвеститор. на законот за повисоки плати за ноќен труд, предложен од Владата. Застапник на компанијата со германски капитал, е Германско-словачката стопанско-индустриска комора.

Според предлог законот на словачката владеачка партија, за еден час ноќен труд работниците би добивале бонус од 1,40 евра, наместо досегашните 50 центи. Надоместот за работа во недела пак, е предвидено да има 100 отсто зголемување во однос на регуларната сума, а не 50 отсто, како што е сега, пренесува ДПА.

– Една од најголемите предности на пазарот во Словачка – поволните и флексибилни економски услови за работа во текот на ноќта и за време на викендите – е загрозена од ликвидација со еден удар, гласи ставот на Комората.

Словачкото здружение на работодавачите исто така, се приклучи кон протестот против новиот предлог закон