Славниот француски писател Давид Фоенкинос во Скопје

Славниот француски писател Давид Фоенкинос денес на пладне, во Францускиот институт во Скопје, во соработка со издавачката куќа „Или-Или“  ќе има книжевна средба.

Авторот, којшто во 2014 година ја доби престижната книжевна награда Ренодо 2014 за романот „Шарлота“, ќе биде присутен на настанот заедно со Стефан Фоенкинос, режисер и сценарист.

За време на книжевната средба, ќе биде промовиран и преводот на македонски јазик на романот „Деликатност“, во издание на „Или-Или“. За настанот е обезбеден и консекутивен превод.