Славниот тенисер Борис Бекер се раздели од сопругата по 9 години брак

Германија- Легендарниот германски тенисер, Борис Бекер и неговата сопруга, холандскиот модел Лили Бекер-Керсенберг, се разделија, објави ДПА.

50-годишниот Борис и 41-годишната Лили беа заедно 13 години и беа во брак во последните девет години, а нивниот адвокат Кристијан-Оливер Мозер ја опиша одлуката како „тешка“.

И покрај проблемите и двајцата ветија дека ќе сторат сé што е можно за среќата на нивниот син Амадеус.

Во последниве години, Борис Бекер често се наоѓаше на страниците на таблоидите поради неговите финансиски проблеми.

Ова е втор пропаднат брак за 50-годишниот Бекер, кој претходно осум години беше со Барбара Фелтус и имаат две деца.