Скроена европската каса: Буџетот на ЕУ во 2018 година ќе тежи 144,7 милјарди евра

Институциите на Европската унија го усогласија буџетот за 2018 година, вреден 144,7 милијарди евра, што е за 14,1 отсто поголем од овогодишниот. Буџетот ќе стимулира нови работни места, посебно за млади луѓе, ќе поттикнува раст, стратешки инвестиции и конвергенција, соопшти Европската комисија.

Европскиот комесар Гинтер Етингер истакна дека тоа е буџет за сите, дека ќе овозможи создавање нови работни места, раст на стопанството и дополнителни инвестиции.